
Најталентираниот македонски тенисер победи на турнир во Барселона!
На патот до пехарот Алексовски победи тројца од првите четири носители на турнирот и во голем стил дојде до пехарот.
Во денешното финале Марко играше против вториот носител Стефан Шангичев од Шпанија кој го доби првиот сет во тај-брејк со 7-6 (8-6 на поени) во кој решаваа нијанси, а притоа Алексовски не искористи три сет топки (две во сетот и третата во тај брејкот).
Во вториот сет Марко заигра уште подобро и поведе со 3-0 во гемови кога противникот го предаде мечот.
Алексовски во финалето го победи вториот носител, во полуфиналето беше поуспешен од четвртиот носител, а во четвртфиналето го елиминираше и првиот носител.
Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund претходната недела играше полуфинале на турнирот во Белгија, а следната недела го очекува уште ден настап на турнир во Аликанте, Шпанија.