Рома додека преговараше за Санчо си најде уште еден играч од Манчестер јунајтед!

Рома се надева дека наскоро ќе се пофали со ангажман на Џејдон Санчо, но тој може да не биде единствениот фудбалер кој ќе го купат од Манчестер јунајтед, тие му фрлиле мерак и на Тајрел Маласија.

Рома и Манчестер јунајтед постигнаа договор за трансфер на Санчо. Но, фудбалерот уште се двоуми дали да ја прифати понудата на римскиот клуб.

Додека тој мисли, стигнуваат информациите дека Рома направила контакт и за ангажман на левиот бек, Тајрел Маласија.

Од Рома се распрашувале за условите и начинот на кој би можеле да го добијат Маласија. Холандскиот бек би сакал да замине од Олд Трафорд и да се пресели на Олимпико.