Без голови на Стемфорд Бриџ, само бод за Челси против Кристал Палас!

Светскиот клупски шампион, Челси не успеа на свој терен да ги освои трите бода против Кристал Палас, натпреварот заврши без голови 0-0.

На мечот се случи и контроверзен момент, во 13. минута Езе даде гол од слободен удар. Но со ВАР беше поништен погодокот поради фаул во живиот ѕид на Геј. Одлука која предизвика големи реакции.

Челси особено беше доминантен во второто полувреме, но не успеа да ги искористи шансите кои ги создаде, па натпреварот заврши 0-0.

За разлика од овој натпревар, на мечот меѓу Нотингем форест и Брентфорд беа постигнати четири голови. Домаќините победија со 3-1.

Трите гола Нотингем форест ги даде во првиот дел, два беа дело на Вуд, еден на Ндоје.

Брентфорд во 78. минута постигна почесен гол преку Тиаго.