Би-Би-Си им даде прекари на хрватските големци: Магионичар, Карпа, Ракета...!

Хрватските и англиските медиуми се преокупирани со ривалската репрезентација во последниве два дена. Анализираат, прогнозираат и предвидуваат, а некои тоа го прават на малку покреативен начин.

Претставувајќи ја детално репрезентацијата на Хрватска, реномираниот Би-Би-Си ги издвои четворицата најважни фудбалери во поставата на Златко Далиќ, според нивната редакција. Меѓутоа, не ги пиша само со име, туку и со прекар.

Лука Модриќ - Магионичар од средниот ред. Тој веќе постигна два гола, асистираше и креираше, има фантастични вештина со топката и затоа со право е Магионичар во средниот ред.

Марио Манџукиќ - Воздушна закана. Хрватскиот напаѓач е силен и висок 190 сантиметри. На него треба да внимаваме при сите прекини.

Иван Ракитиќ  - Ракета. Ракитиќ е играч од средниот ред кој постигнува голови. Постигна 21 за Барселона во последните четири години, а на Мундијалот ги реализираше последните пенали за пласман на Хрватска во полуфиналето.

Дејан Ловрен - Карпата. Дефанзивецот на Ливерпул е висок и снажен и ќе се обиде да го сочува празен голот на Хрватите.

Хрватска и Англија играат вечерва од 20 часот, првите за премиерно финале во своето постоење, вторите за втора титула по таа во 1966 година.