
Автобусот со фудбалерките на Велс имал сообраќајна несреќа!
Фудбалскиот сојуз на Велс објави дека за среќа во инцидентот никој не бил повреден, а брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата.
„Можеме да потврдиме дека автобусот со репрезентацијата учествуваше во сообраќајна несреќа на патот кон Арената Сент Гален каде што требаше да се одржи официјалниот тренинг пред натпреварот со Франција. Сите лица кои беа во автобуссот, како и во другото возило не се повредени“, потврдија од Фудбалскиот сојуз на Велс.
Велс својот натпревар од второто коло го игра утре во терминот од 21:00 часот, а во првото коло беа поразени од Холандија со 3-0.
Фото: Wales/X