Артета си најде нов помошник – поранешен фудбалер на Јунајтед!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед Габриел Хајнце е нов член во стручниот штаб на Микел Артета, потврди лондонскиот клуб.

Хајнце ќе ја има улогата на помошник на шпанскиот стратег и пристигнува на местото на Карлосс Куеста кој започна самостојна тренерска кариера и ја презема екипата на Парма.

Во еден период од својата кариера, Хајнце беше и соиграч со Артета во редовите на Пари Сен Жермен, а настапуваше уште за Рома, Марсеј и Реал Мадрид.

Во кариерата како тренер водеше неколку аргентински тимови и Атланта од МЛС лигата, но без тренерски ангажман е од 2023 година.