Аргентинското Суперкласико претставено со „Лего“ коцки (ВИДЕО)

Во првиот меч од финалето во Копа Либертадорес, аргентинските гиганти Бока јуниорс и Ривер плејт пред десетина дена одиграа 2-2 на „Бомбонера“ во Буенос Аирес, а ги следеа 50.000 навивачи.

По аргентинското Суперкласико на социјалните мрежи се појавија многу фотографии, а имаше и премногу коментари за првата средба на двата аргентински гиганти.

Сепак, на еден јутјуб канал на оригинален начин беше прикажано Суперкласико и тоа со „Лего“ коцки, па предизвика големо воодушевување кај навивачите.

Реваншот се игра во сабота на 24 ноември на стадионот „Монументал Антонио Веспучи Либерти“ во главниот аргентински град во 21 часот.