Зинченко: Ни требаат три бода против Македонија за да ја минеме групата!

Украина може да жали затоа што остана со празни раце по мечот против Холандија во првото коло од Еуро 2020 бидејќи во финишот од дуелот имаше резултат 2-2, но потоа „лалињата“ со трет гол си ги освоија трите бодови.

Еден од најдобрите репрезентативци на Украина и фудбалер на Манчестер сити, Зинченко е разочаран поради поразот против Холандија и смета дека мора да ја победат Македонија ако сакаат да ја минат групата.

„Ќе се обидеме да ги поправиме грешките кои ги направивме со Холандија. Имаше многу грешки, посебно во моменти кога ја губевме топката во мирни ситуации. Сите знаеме дека за да ја минеме групната фаза, ќе мора да освоиме три бода против Македонија, па потоа може да зборуваме за последниот меч против Австрија“, вели Зинченко.