Втора победа за надежите на развојниот турнир во Скопје – сега падна Грузија

Македонската надежна селекција до 17 години идентично како и на првиот меч со Саудиска Арабија, ја победи денеска Грузија со 2-0 на развојниот турнир кој се игра во Скопје на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Бехар Фета, кој даде еден од двата гола за триумф против С. Арабија пред два дена денеска беше херој во победата, зашто уште во првиот дел ги постигна двата погодоци и со тоа на Македонија ѝ го донесе вториот триумф на овој развоен турнир. Младата македонска селекција до 17 години сега преку ваквите мечеви се подготвува за новиот квалификациски циклус годинава, по ланскиот неуспех да се избори пласман во елитната фаза од квалификациите.

Последен меч за Македонија е пресметката со Азербејџан.