Во Палермо се слуша само еден рефрен – Македонијо, ти си бисер балкански (ВИДЕО)
Бисерот на Сицилија веќе втор ден е под целосна „окупација“ на македонската навивачка фаланга, која веќе е максимално е загреана за вечерашниот тежок двобој со повеќекратно поголемиот број противници. Стотици жолто-црвени фанови на големо навиваат и пеат патриотски песни, со кои го креваат борбениот дух и најавуваат дека ќе ги остават гласните жици ка поддршка на избраниците на селекторот Боби Милевски.
„Македонијо, ти си бисер балкански“ е рефренот кој најчесто и најгласно се слуша и кој буди емоции кај сите кои решија да одвојат дел од своите време, но и значајни финансиски средства од буџетот, да стигнат до овој прекрасен остров каде што нашите фудбалери вечерва ќе го одиграат дуелот, кој би можел да ги доведе на чекор од остварување на сонот, а тоа е настап на еден Мундијал.