
Уште еден Македонец во БиХ: Поранешен голман на Вардар и Шкупи потпиша за Посушје!
Станува збор за 26-годишниот чувар на мрежата, кој има големо искуство бранејќи за македонските клубови како Вардар, Брера, Пехчево, Брегланица Штип и Шкупи.
Денковски се очекува веднаш да се приклучи на тренинзите на новиот клуб и да биде дел од подготовките за следните натпревари во босанската Премиер-лига.