Што открива говорот на Сер Боби по мечот со Англија? (ВИДЕО)

Македонскиот селектор, Боби Милевски, по ремито против Англија (1-1) во Скопје одржа говор во соблекувалната, кој дури и по неколку слушања делува хаотичен и нејасен, особено за обичниот фудбалски вљубеник кому не му се познати односите внатре во националниот тим како и со луѓето од ФФМ.

Неговото обраќање беше неразбирливо, со прескокнување и отсуство на поенти, па тешко може да се сфати дали тој е искрен во тоа што го кажува, или, пак, е ироничен односно арогантен. Единствено што е јасно е тоа што неколку пати го повторува, но одново без да стане јасно во кој контекст го кажува.

„Браво за вас што не го славите ремито со Англија, која можеби е прва светска велесила во моментов. Секоја чест“, повторуваше Милевски.

Селекторот имаше договор со ФФМ до крајот на квалификациите за ЕП 2024, што значи до последниот свиреж на судијата на вечерашниот дуел. Но, крајот од неговиот говор може да значи и најава дека ќе продолжи да ја води Македонија, со оглед што говори за иднината.