Селекторот на Малта го загубил памтењето: Поима немам што се случи во последните 20 минути?!

Селекторот на Малта, Реј Фаруџа, не се сеќава на завршницата од натпреварот против Шпанија, меч во кој аутсајдерот претрпе убедлив пораз од „Црвената фурија“ со 7-0.

Малтежаните примија три гола во последните 20 минути и целосно се „распаднаа“ на теренот, а во листата нс стрелците се запишаа речиси сите фудбалери (Мората, Казорла, Пау Франчесо Торес, Сарабиа, Олмо, Жерард Морено, Навас).

Шеесет и четири годишниот стручњак се удрил со глава во конструкцијата од соблекувалната, по што се здобил со рака на ќелавата глава, а подоцна признал дека пради тоа не се сеќава на одредени моменти.

Не се сеќавам на ништо во последните 20 минути од натпреварот, призна Фаруџа, додавајќи:

Сепак, игравме против најдобрата селекција во светот. Шпанија е премногу силна. Мислам дека можат да го освојат Европското првенство.

Шпанија освои 23 бода на девет натпревари го трасираше патот на ЕП.