Ристовски: Заслуживме повеќе во Тбилиси, но загубивме на сопствени грешки!

Македонија загуби на синоќешното гостување кај Грузија (0-2) во меч од 5. коло во Лигата на нации, што дефинитивно и ги одзеде шансите да се надеваме за првото место во групата, а со тоа и за продолжување на надежта за пласман на ЕВРО 2024 преку ова натпреварување.

Според напаѓачот Милан Ристовски, грешките што ги направиле самите се причина за неуспехот.

„Жал ние што повторно изгубивме на наши грешки, слично како и натпреварот во Скопје. Паѓаме на психолошки момент. Дефинитивно заслуживме повеќе бидејќи имаме квалитет. Не ни останува ништо друго освен добро да одмориме и да анализираме каде погрешивме. Сигурно дека има психолошки пад во нашата енергија, но се надевам дека ќе бидеме подготвени за Бугарите“, изјави Ристовски.

Македонија последниот меч во Лигата на нации го игра в понеделник на домашен терен против Бугарија.