Разочарување за македонските надежи: Летонија и Луксембург завршија пред Македонија!

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години не го победија домаќинот на турнирот Луксембург и одиграа 1-1.

Македонија рано по само осум минути игра дојде до предност со погодокот на фудбалерот на Работнички Димитар Данев. Предноста на македонските фудбалери беше актуелна се до завршницата од првиот дел кога Домигнос ја погоди нашата мрежа за 1-1.

Во вториот дел не видовме погодоци, па двете селекции ги поделијата бодовите.

За Македонија овој бод не беше доволен да се избори за елитни квалификации и групата ја завршуваме како последните зад лидерот Словачка (6), Луксембург (4) и Летонија (4).