Почина легендарниот селектор кој и донесе европска круна на Франција

Легендарниот француски тренер Мишел Идалго почина на 87 години. Тој беше селектор на Франција и ги водеше „триколорите“ до европската титула во 1984 година.

Поранешниот фудбалер на Ле Авр, Ремс и Монако, во тренерската кариера ги предводеше екипите на Марсеј и Монако.

На Светското првенство во Шпанија 1982 година ја пласираше Франција до полуфинале. Инаку, беше селектор на „триколорите“ од 1976 до 1984 година, во време кога во својот тим ги имаше Мишел Платини, Жан Тигана и Алан Жирес.