
Муслиу: Не се опишува колку сме мотивирани и каква желба има кај нас за ЕП!
Македонија веќе максимално се подготвува за настап на првиот голем турнир во својата историја, а веќе нема фудбалер кој не е возбуден од шансата да се прикаже на големата сцена, а сето тоа ставено во фокус, Македонија да успее да се покаже во најдобро светло.
„Прекрасно е чувството да се подготвуваш за настап на едно Европско првенство. Имам мало искуство од У21 кога игравме на ЕП, ама ова сега е нешто поинаку, нешто што не се опишува. Мотивацијата и желбата ни е толку голема, што може да се види на тренинзите. Сите со нетрпение чекаме да играме на ЕП, а се надевам дека ќе биде се во ред и на крај ќе стигнеме до тоа што сме го зацртале“, вели Муслиу.
После епскиот триумф во Германија, амбициите уште поголеми кај јавноста во пресрет на дебито на континенталниот шампионат, но Муслиу посочува дека тој и соиграчите не чуствуваат дополнителен притисок за успех после тој голем трумф на крајот на март годинава.
„Секој меч носи свој притисок и тој притисок мора да го има. Исто е кога играме и со Германија и со Лихтенштајн. Ние на секој меч одиме да победиме, а мислам дека после Германија сега секој противник треба да покаже повеќе почит кон нас. Ние имаме наш план, имаме наши амбиции, наши желби и сега останува само тоа да го покажеме на терен“, додава Муслиу.
Атмосферата во репрезентацијата како и досега е извонредна, а таа е предуслов за добри резултати.
„Ни недостига Барди поради коронавирусот, но се надевам дека брзо ќе ни се приклучи. За атмосферата, доказ каква е се – резултатите! Ако нема добра атмосфера, ќе ги нема ни резултатите“, додаде стоперот на унгарски МОЛ Фехевар.