
Милевски со младинците има победи со Фараните – пред четири години со 7-1 (ВИДЕО)
Милевски во својот втор мандат како селектор на репрезентацијата до 21 година после историскиот со пласман на Еуро 2017 во Полска, за малку не ги однесе надежите на второ Европско првенство во 2021 година, во циклусот во кој противник ни беа Фарски острови и против кои во групата во која завршивме втори, победивме со 7-1 во Скопје на отворање на циклусот, па со 2-1 на гостувањето.
И од таа генерација во моментов во А-тимот се напаѓачот Милан Ристовски, крилото Дарко Чурлинов, играчот за врска Јани Атанасов, деби очекува Давор Здравковски, кој беше капитен на младинците, Никола Серафимов (не е достапен поради повреда), Тодор Тодоровски (суспендиран за црвениот картон со Бугарија), а лани дебитираа и Енис Фазлагиќ, Томче Гроздановски. Претходно во А-тимот беше повикуван и голманот Ристе Јанков.
Чурлинов даде два гола од седумте во Скопје во победата со 7-1 на 10 септември, кога играа Атанасов и Здравковски како стартери.
Милан Ристовски, пак, даде гол на гости кај Фараните во триумфот со 2-1.
За разлика од таа генерација, последната која имаше ужасно лоши квалификации под палката на Драги Канатларовски – Цапар, во два меча со Фарски Острови одигра реми 1-1 и загуби дома 0-1, а од истата генерација сега деби настап чека Јован Манев, екс-фудбалерот на Брегланица, а сегашен член на турска Адана Демирспор.