Милевски со иста формација како во Грузија, но со три промени во тимот (ФОТО)
Македонскиот селектор Благоја Милевски тргнува со истата формација со тројца стопери и два центарфори во мечот, како и против Грузија, но направи три промени од тој меч во Тбилиси во стартните 11.
Егзон Бејтулаи, повратникот во националниот тим влегува меѓу стоперското трио заедно со Ѓоко Зајков и Висар Муслиу, на местото на еден од трагичарите Дарко Велковски. Тодор Тодороски добива шанса на десната бековска позиција на местото на Стефан Ашковски кој стартуваше во Грузија, а Александар Трајковсли влегува во првиот тим како плејмејкер, па од триото во средина отпаѓа Стефан Спировски и денеска Енис Барди и Елиф Елмас ќе биде двоецот во средината на теренот.
На голот е Столе Димитриевски, Бејтулаи, Зајков и Муслиу пред него, Тодороски и Алиоски се крилни бекови на десната односно левата страна, Барди и Елмас во центарот на средината, Трајковски полушпиц, а во нападот Милан Ристовски и Бојан Миовски.