Балиќ: Мојата генерација се изнаслуша француски химни, добро е што нема да се интонира во Осло!

 

Поранешниот хрватски ракометар и еден од најдобрите во историјата, Ивано Балиќ ја прослави победата на Хрватска против моќната Франција со 31-28 во полуфиналето на Светското првенство (СП).

Балиќ го носеше дресот на Хрватска од 2001 до 2012 година, а притоа немаше добри искуства на дуели против Франција, која најчесто излегуваше како победник од тие дуели.

„Момците беа супер, се бореа како лавови, им честитам а овој перформанс. Им честитам и на државната пензија која ќе ја добијат. Мојата генерација ја изнаслуша француската химна додека игравме, ама ете сега е добро што во Осло нема да се интонира. Момциве в недела нека го повторат ова што го направија и верувам дека пак ќе бидеме светски прваци“, кажа Балиќ.