Лејкерси и без Дејвис го освоија Вашинтон – блескаше „дедото“ Џејмс (ВИДЕО)

Екипата на ЛА Лејкерс дојде до убедлива победа на гостувањето против Вашингтон (134-96) во еден од синоќешните мечеви во НБА лигата, на кој настапи без повредениот Ентони Дејвис.

Најзаслужен за триумфот беше „дедото“ Леброн Џејмс (40 години), кој забележа „дабл-дабл“ учинок со 24 поени и 11 асистенции, додека значителен придонес дадоа и Хачимура со 22 поени, Милтон со 21 и Ривс со 17. Во редовите на поразените најдобар беше Пул со 19 поени.

Минесота исто така оствари убедлив триумф на гостувањето против Јута, победувајќи со 138-113. Тимбервулвс, предводени од Ентони Едвардс, кој забележа 36 поени и 11 асистенции, стигнаа до лесна победа. Кај домашниот состав најдобар беше Џорџ со 23 поени, додека Секстон придонесе со 19.

Во другите ноќешни натпревари, Кливленд славеше на домашен терен против Атланта (137-115), Мемфис извојува тесна победа против Хјустон (120-119), а Портланд убедливо го совлада Орландо (119-90).