Вардар го заврши зимскиот преоден рок со - 12 засилувања!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го заврши зимскиот преоден рок со 12 фудбалери кои треба да му помогнат на тимот во борбата за подобар пласман во лигата.

Нови засилувања за „црвено-црните“ се Давор Талески, Мичал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски, Едиз Спахиу, Мите Цикарски, Димитар Тодоровски, Михаил Талевски, Мислав Матиќ, Фаустин Сенгхор, Мато Касим Роџерс и Мануел Куестас.

Вардар се наоѓа на претпоследното место во лигата со 13 бодови, односно еден повеќе од Воска Спорт.