Слот: Се надевам дека Салах ќе остане во Ливерпул

Саудиските клубови се обидуваат да го добијат потписот на Мохамед Салах, кој има договор со Ливерпул до крајот на сезоната.

Салах наводно имал понуда од премиерлигашот да остане во тимот, но решил да ги прекине преговорите и во следниот период треба да донесе конечна одлука за неговата иднина.

Тренерот на „црвените“, Арне Слот јасно го кажа својот став за Салах и посочи дека сака Египќанецот да остане на „Енфилд“.

„Сите го сакаме Мо, сакаме да го продолжи договорот. Сепак, негова е одлуката, тој го има последниот збор и се надевам дека ќе остане со нас“, кажа Слот.