Нејмар го „ограби“ Ал Хилал, па сега ќе игра за џепарлак во Сантос
Бразилските медиуми објавија дека месечно ќе добива 161.500 евра, но ќе задржи 90% од своите права на имиџ што ќе му овозможи многу поголема заработка. Овој модел на договорот многу потсетува на неговиот претходен престој во Сантос, од 2010 до 2013 година кога платата му изнесуваше 48.400 евра, а од правата на имиџ инкасираше дополнителни 533 илјади евра.
Нејмар се врати во Сантос по пауза од речиси 12 години, откако во меѓувреме играше за Барселона, ПСЖ и Ал Хилал.