Милан нуди 30 милиони евра за напаѓач на Феенорд

Италијанскиот гигант Милан е блиску до договор со Феенорд за напаѓачот Сантијаго Хименез. Претставници на калчолигашот пристигнале во Ротердам каде што треба да ги договорат деталите.

Феенорд бара 40 милиони евра за трансферот, додека Милан нуди „само“ 30 милиони плус бонуси и верува дека до понеделник ќе биде комплетиран.

Хименез игра за Феенорд од 2022 година, кога стигна од Круз Азул за шест милиони евра, а договорот со холандскиот тим му завршува во јуни 2027 година.