Фудбалер на Манчестер сити одби да подари дрес на детенце (ВИДЕО)

Младиот фудбалер на Манчестер сити, Џејмс Мекати повторно е во центар на внимание откако со неговиот потег кон детенце предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Мекати по натпреварот против Клуб Бриж одби да му подари дрес на детенце затоа што истото имало обележје на Шефилд венздеј, ривал на неговиот поранешен клуб Шефилд јунајтед.

„Тој има знак од Шефилд. Го мразам тој клуб“, кажа Мекати пред да замине со автомобилот.