Меклиш повеќе не е селектор на Шкотска

Само еден пораз беше доволен за Алекс Меклиш да остане без работа. Фудбалскиот сојуз на Шкотска не можеше да му го прости тешкиот пораз на гостувањето во Казакстан (3-0) на стартот од квалификациите за ЕП.

Меклиш на кормилото на Шкотска дојде во февруари 2018 година и го освои првото место во групата 1 од лигата на нациите, а овој резултата беше оценет како успех.

Сепак, во првото коло од квалификациите за ЕП „Тартан армијата“ доживеа дебакл во Казакстан, кој го чиниеше отказ.

„Одлуката за прекинување на соработката не беше лесна, особено затоа што Алекс е член на Куќата на славните на шкотскиот фудбал, поради 77 настапи за репрезентацијата. Имавме искрен разговор со Алекс по што ја донесовме оваа одлука“, изјави извршниот директор Јан Максвел.