
Македонските надежи до 16 години убедливо поразени од Русија
Русија ја имаше фаворитската улога на овој меч и тоа го покажа на теренот
Русите уште во првото полувреме обезедија предност од 2-0, а во вториот дел само ја потврдија победата поставувајќи го конечниот резултат од 3-0.
Македонската селекција до 16 години ќе остане во Анталија да одигра уште еденмеч. Противник ќе ни биде селекцијата на Киргистан, а дуелот е закажан за 25 март од 9 часот наутро.
МАКЕДОНИЈА: Лука Грчевски, Стефан Јордановски, Грегоријан Михајловски, Давор Јорданов, Михаил Митревски, Дејан Спасевски, Бленди Љачка, Арда Иљазовски, Фадил Исламовиќ, Сонер Ракипи, Андреј Цветковски;
Резерви: Иван Стоилковски, Цека Ринор, Давид Лиотоски, Божидар Гогачевски, Мелдин Аломеровиќ, Аријан Рамадани, Марко Мирчевски, Горјан Петковски, Лука Георгиевски, Алекса Јазагиќ, Коста Бошковски, Васко Папалиски, Амети Вулнет;
Селектор: Драган Начевски.