Македонија против Италија и Шведска во мундијалските квалификации во футсал

Македонската футсал репрезентација ќе игра против Италија и Шведска во квалификациите за Светското првенство во 2024 година.

Македонија на ждрепката влезе како втор носител, а 36 селекции се поделени во 12 групи по три, а првопласираните и четирите најдобри второпласирани ќе изборат пласман директно во елитната рунда, додека осумте преостанати второпласирани ќе одат во главната рунда на баражи и четирите победници ќе ја пополнат елитната фаза преку која ќе се бараат местата за СП.

Дваесетте најдобри ќе играат во пет групи по четири тима и само победниците ќе одат директно на Мундијалот, а најдобрите четири ќе се борат во баражите, но само две најдобри втори селекции ќе влезат на СП ако еввропска земја ја добие организацијата на футсал Мундијалот.

Оваа воведна рунда ќе се игра во четири термини од септември до март.