
Македонија ќе игра и втор натпревар во Битола – веќе во октомври!
Во овој месец селекцијата до 21 година во Битола ја пречека Италија, натпреварт кој го загубивме со 1-0.
Организацијата на реновираниот стадион очигледно поминала во најдобар ред, па сега тука ќе се игра и натпреварот со Ерменија кој е закажан за на 10 октормври во рамките од третото коло во квалификациите за ЕП 2027. Цената на влезниците ќе изнесува 200 денари.
Македонија покрај поразот од Италија, загуби и во првото коло против Полска во Краков, па така Ерменија ќе биде шанса да ги освоивме првите бодови.