Излезе спотот на химната за Евро 2021 – Одиме на Европско првенство (ВИДЕО)

Химната на македонската репрезентација „Одиме на Европско првенство“ во изведба на ВИС Рисови, вчера официјално беше промовирана, а со неа и спотот за истата пред историскиот прв настап на големата сцена за нашиот национален тим, па денеска и официјално е пуштена во етер оваа химна.

Погледнете и послушајте ја песната која ќе се врти во следниот период како ќе се зголемува еуфоријата за првиот настап на Македонија на континенталниот шампионат за нешто повеќе од еден месец.

Спотот е снимен на над 140 локации во Македонија и е вистинска разгледница за нашата земја.