
Грузија за два дена распродаде 55.000 билети за мечот со Македонија (ФОТО)
Грузија во петокот официјално ги пушти билетите во продажба и според тикет-сервисот „ТКТ.ГЕ“, влезници повеќе нема за да се купат он лајн, ниту на билетарите каде имаше вистински метеж од навивачи за да дојдат до вредното парче хартија и за 24 часа, сите влезници во бројка од 54.459 биле купени.
Македонија првпат гостува во Тбилиси после епската победа во ноември 2020 година кога беше обезбеден пласманот на Еуро 2020, а Грузијците се лидери во групата со 10 бода, три пред нашата селекција. За потврда на првото место им треба бод со нас, додека црвено-жолтите мора да победат за да останат во трката за лидерското место.
Било каква победа за Македонија ќе значи дека Гибралтар ќе треба да ни помогне во последното коло под услов да ја победиме Бугарија или да славиме со четири разлика за да бидеме подобри во меѓусебниот скор откако загубивме од Грузија во Скопје со 0-3.