Фудбалерите до 19 години за ЕП 2019 ќе се борат во тешка група

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години идната есен ќе има тешка задача да стигне до елитниот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2019 година, што се одржува во Ерменија.

Нашите надежи во денешната ждрепка беа извлечени во групата 3 заедно со селекциите на Чешка, Хрватска и Луксембург. Точните датуми и домаќините на квалификациските трурнири ќе бидат одредени дополнително, но се знае дека натпреварите ќе се играат на есен 2018 година.

Македонската репрезентација до 19 години денеска ќе ги дознае противниците во елитните квалификации за ЕП 2018 година.