Елмас слета во Милано и веднаш замина на потпис со Торино (ВИДЕО)
Поранешниот играч од средниот ред на Наполи слета на аеродромот „Малпенса“ во Милано, по што се упати кон Торино, каде што ќе ги мине задолжителните лекарски прегледи и ќе потпише договор со новиот клуб.
„Подготвен сум да започнам. Поздрав до навивачите“, беа првите зборови на Елмас. На прашањето дали веќе разговарал со тренерот Паоло Ваноли, тој одговори: „Сè уште не“.
Македонскиот фудбалер во калчолигашот доаѓа од Лајпциг и тоа на шестмесечна позајмица со можност за откуп на договорот за отштета од 17 милиони евра.