Дончевски доби награда великан на Македонија, па стана почесен член на МОК (ФОТО)
Дончевски, кој е најдобриот стрелец во историјата на Вардар, тренерот под чија палка е освоена шампионската титула во бивша Југославија (1987) и кој беше прв селектор на националниот тим по независноста на Македонија, изминативе денови е во Македонија, па почесниот претседател на МОК, Васил Тупурковски му ја врачи наградата за спортски великан.
На приемот во МОК, актуелниот прв човек на олимпиското движење, Даниел Димевски, пак, го прогласи за почесен член на Македонскиот Олимписки Комитет.
Дончевски изминатиов период е во Скопје, па ги изненади македонските фудбалски репрезентативци на подготовките за стартот на евроквалификациите и беше на мечевите за да го гледа актуелниот состав на црвено-жолтите.