Зиркзе може да се врати во Серија А - и навивачите на Јунајтед му порачаа
Јасно беше дека тренерот Рубен Аморим не е задоволен од неговата игра, го повлече од теренот по само 33 минути, а при излегувањето, Зиркзе доби жестоки свирежи од фановите на неговиот клуб. Очигледно погоден од тоа, тој прво се поздрави со Аморим, ја облече јакната и седна на клупата за резервни играчи, но потоа се премисли и замина во соблекувална. Очевидци тврдат дека додека одел натаму, очите му биле полни со солзи.
По мечот Аморим на прес-конференција му даде поддршка на холандскиот фудбалер, но јасно е дека за него нема иднина на Олд Трафорд. Со оглед на тоа што утре почнува зимскиот преоден рок, нема да биде изненадување ако се врати во Италија, можеби и во Болоња од каде летоска дојде во Јунајтед.
На 27 натпревари во дресот на премиерлигашот, Зиркзе постигна четири гола и две асистенции што е премалку за фудбалер за кого Јунајтед летоска плати 40 милиони евра.