Зидан има три европски круни, а Аргентинец треска глупости – немал поим од фудбал!?

Француската легенда Зинедин Зидан влезе во историјата на европскиот фудбал, откако за само две ипол години од својот прв мандат како тренер на Реал Мадрид освои три европски титули, па „кралевите“ ги направи најдоминантниот клуб во модерната ера, после таа на Милан од 80-те и претходно на Ајакс и Баерн Минхен од 70-те години.

И ако цел свет му се поклони на популарниот Зизу за својата работа со „кралскиот клуб“ и за невидената доминација, бивш аргентински голман Хуго Гати така се посрамоти со една изјава, која ама баш ич не ја отсликува реалноста.

Гати удри по Зидан поради очајните настапи на стартот на неговиот втор мандат, кога Реал веќе ја загуби сезоната.

„Зидан ништо не направи кога Реал победуваше. Се остана исто. Зидан не знае ништо од фудбалот. Ги имаше Роналдо, Рамос, головите... Поради тоа освои сè. Сега не може ништо. И ако не ја смени тактиката, ништо нема да се смени – ќе биде дури и полошо“, вели Гати.

Најголемиот дел од навивачите после овие „антолигиски“ изјави го прашаа Аргентинецот – на кои дроги е со ваквите коментари?