Зидан има пеколен план: Реал Мадрид троши богатство на две француски ѕвезди

Реал Мадрид ангажираше еден куп засилувања летово, со кои ќе се обиде да ги нападне сите трофеи, иако стартот во Ла Лига не им беше убедлив. Сепак, тренерот Зинедин Зидан смета дека наредното лето мора да купи уште две ѕвезди.

Зидан ги сака неговите сонародници Пол Погба од Манчестер јунајтед и Килијан Мбапе од ПСЖ, а за тоа „кралевите“ ќе треба да потрошат околу 400 милиони евра.

„Кралевите“, наводно, ќе треба да платат 150 милиони евра за ѕвездата на Јунајтед, а уште 250 милиони евра за Мбапе, со што би го урнале досегашниот светски трансфер-рекорд.