Во Њукасл се слави за новиот газда како веќе да е освоена – европска титула! (ВИДЕО)

Англиски Њукасл од денеска и официјално има нов газда и тоа во најбогатиот шеик и престолонаследник на тронот во Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман, проценет на богатство тешко 360 милијарди долари, па навивачите паднаа во екстаза откако беше соопштена веста.

Пред стадионот „Сент Џејмс Парк“, навивачите славеа како нивниот тим веќе да е европски првак, а неизмерната радост е зашто очекуваат од Бин Салман сега во клубот да влезат стотици милиони евра и да дојдат дел од најдобрите фудбалери на светот, со што црно-белите ќе се борат за трофеите во англискиот фудбал, а во блиска иднина би го нападнале и европскиот трон.