
Челси изминативе три години до врв ја наполни касата на Брајтон!
Прв кој го донесоа од Брајтон беше Марк Кукуреља во 2022 година за кој Челси плати 63 милиони фунти.
Во 2023 купија двајца, голманот Роберто Санчез за кого дадоа 25 милиони фунти и рекордното засилување Моисес Каиседо за кого одвоија неверојатни 115 милиони фунти.
Во наредните денови, а можеби и часови ќе биде комплетиран трансферот на Жоао Педро за кој Челси ќе плати 60 милиони фунти.
Вкупната сума која Челси му ја плати на Брајтон во овие три години за фудбалери изнесува фантастични 263 милиони фунти.
Тука не спаѓа тренерот Грем Потер кој Челси го купи од Брајтон во 2022 година, а сините земаа и други членови на стручниот штаб од овој клуб.