
Бундеслигаш тргнува по потписот на тренерот на Пелистер - Раул Алонсо!
Лајпциг е во потрага по нов тренер откако се раздели со Рунар Сигтригсон.
Според реномираниот германски медиум „Билд“ информира дека прва желба на Лајпциг е тренерот на Пелистер, Раул Алонсо.
Шпанскиот стратег има договор со Пелистер до јуни 2026 година, тој треба да го води македонскиот тим и во наредната сезона, но Лајпциг може да ги промени работите.
Бундеслигата е атрактивна за секој тренер, но во овој случај Пелистер ќе го има последниот збор.