Рашфорд се враќа во Манчестер, Астон вила не сака да плати 46 милиони евра!

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд нема да остане во Астон вила, иако се надеваше дека тимот од Бирмингем ќе го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед.

Рашфорд не е во добри односи со тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим и поради тоа замина на позајмица во Астон вила, која сега одби да плати 46 милиони евра за да го комплетира трансферот.

Талентираниот фудбалер минатата сезона одигра вкупно 41 натпревар, а притоа постигна 11 голови и девет асистенции.

Фото: Facebook/Aston Villa FC