Драма на трибините на Вимблдон: Прекинат мечот меѓу Фоњини и Алкараз!

Фабио Фоњини и Карлос Алкараз понудија одличен тенис повеќе од четири часа, но мечот мораше да биде прекинат во петтиот сет поради инцидент на трибините.

Еден од навивачите се почувствувал лошо, поради што главниот судија реши да го прекине дуелот додека интервенираат медицинските екипи.