
Звезда им удри мерак на Нигеријците летово
Мошне интересно делува тоа што сите тројца кошаркари кои ги донесе досега белградскиот клуб се од Нигерија. По Чима Монеке и Ебука Изунду, нов член на белградскиот тим е Семи Оџелеј, а сите тројца треба да помогнат во ренесансата на „црвено-белите“.
Оџелеј доаѓа од Валенсија каде настапуваше претходните две сезони, но тој има и големо НБА искуство бидејќи во најсилната светска кошаркарска лига играше од 2017 до 2022 година. Беше избран како 37. пик од Бостон, таму ги помина првите четири сезони по што следуваа кратко епизоди во Милвоки и Лос Анџелес Клиперс. Оџелеј ги покрива позициите 3 и 4, места на кои Звезда имаше многу проблеми претходната сезона.