Џони Еванс ја заврши кариерата, но останува во Јунајтед на нова функција

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс официјално објави крај на кариерата во која, меѓу другото, освои три шампионски титули во Премиер лигата.

Сепак, тој нема да го напушти клубот и во иднина ќе работи како тренер во академијата на клубот од Олд Трафорд.

„Сакам официјално да објавам дека завршувам со играњето фудбал, но не со така, туку со гордост, благодарност и со задоволство за следната етапа од животот“, рече Еванс.

Неговиот договор со Јунајтед заврши на крајот од сезоната, а тоа беше негов втор престој во клубот. Покрај Јунајтед, во кариерата играше и за ВБА и Лестер, а има и 107 настапи за репрезентацијата на Северна Ирска.