
Ендрик се надеваше на поголема минутажа, а може да си оди од Реал
Откако лани беше купен за 47 милиони евра од Палмеирас, тинејџерот добиваше шанса „на лажичка“ додека екипата ја водеше Анчелоти, но и покрај тоа успеа да постигне седум гола од кои пет во Копа дел Реј и по еден во Ла Лига и Лигата на шампионите. Шпанските медиуми објавија дека во моментов Ендрик има повреда на мускулите и најверојатно нема да биде во конкуренција за следните натпревари од Светското клупско првенство.
Ако нешто не се смени во неговиот статус, не е исклучено идната сезона да ја дочека во тимот на Јувентус кој веќе покажал интерес за него. Факт е дека неговата вредност е значително падната, тешко дека Реал би го продал во овој момент и најмногу на што може да се надева торинскиот клуб е позајмица.