Вест хем му ги намали шансите на Ливерпул за титулата (ВИДЕО)

Ливерпул освои само бод на гостувањето кај Вест хем (2-2) во Лондон во 35. коло од англиската Премиерлига, со што „црвените“ си ги намалија шансите во трката за титулата.

Боуен донесе водство за Ливерпул во 43. минута од средбата, по што Ливерпул стрелаше преку Робертсон за израмнување на стартот на второто полувреме.

Екипата на Јирген Клоп стигна до целосен пресврт по несреќниот автогол на „чеканите“, но потоа Антонио со глава го матира Алисон за конечни 2-2.

Ливрпул е на третата позиција со 75 освоени бодови, додека пред него е Манчестер сити со 76 бода од 33 одиграни средби и Арсенал со 77 бодови од 34 натпревари.