Вернер потпишал за Баерн Минхен, но трансферот пропаднал поради - Салихамиџиќ!

Германскиот напаѓач Тимо Вернер често се поврзува со трансфер во Баерн Минхен. А наводно 25-годишниот фудбалер од следната сезона би можел да го облече дресот на актуелниот германски шампион, каде што можел да заврши уште минатото лето.

„Билд“ објави дека Вернер во 2018 година потпишал договор со германскиот гигант и требало да стане нивни член од 2020 година, но на крајот Германецот останал без соработка затоа што спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ сметал дека нема потреба од уште еден напаѓач.

На крајот, во 2020 година Вернер заврши во екипатана Челси, каде што не се прослави бидејќи имаше многу промашувања во текот на минатата сезона.