Ван Нистелрој се враќа во Јунајтед, ќе му помага на Тен Хаг!

Руд ван Нистелрој ќе го засили стручниот штаб на Манчестер јунајтед, тој ќе биде еден од асистентите на Ерик тен Хаг.

На почетокот од преодниот рок се шпекулираше дека Ван Нистелрој ќе биде нов тренер на Барнли, но во меѓувреме Манчестер јунајтед истапи и му даде понуда да се приклучи во стручниот штаб на Тен Хаг.

По неколкудневно размислување, Ван Нистелрој реши да ја прифати понудата на Јунајтед. Договорот е постигнат, наскоро ќе биде и официјализиран.

Руд Ван Нистелрој како фудбалер играше за Манчестер јунајтед од 2001 до 2006 година.

Тој во сезоната 2022-2023 беше прв тренер на ПСВ Ајндховен со кој го освои холандскиот куп.