Хјулманд: Ни поништија гол за офсајд од еден милиметар

Репрезентацијата на Данска не успеа да ја изненади Германија која во вчерашното осминафинале славеше победа со 2:0.

Данска иако се пласираше во нокаут фазата сепак турнирот го заврши без ниту една победа. Во групата одиграа три нерешени натпревари против Англија, Словенија и Србија.

Селекторот на Германија, Каспер  Хјулманд по натпреварот иако имаше и забелешки за играта на неговата селекција, изрази и незадоволство и од судењето на натпреварот.

„Докажавме во последните неколку години дека не сме далеку од најсилните репрезентации. Но, ако сакаме да победиме во вакви натпревари мораме да креираме повеќе шанси. Кога во прашање е самиот натпревар, не можам да сфатам како ни се поништи гол за водство поради офсајд од еден милиметар. На семинарите разговараме и за природната позицја на раката и не можам да разберам што е игра со рака, а што не е. За мене ова беше природна позиција и не требаше да биде пенал“, изјави  Хјулманд.

Без разлика на поразот помеѓу Данците нема преголемо разочарување, а тоа можеше да се види и по вчерашната средба кога беа испратени со аплаузи.